А сега, главното - парите

Нант си ги бара парите од Кардиф за трансферот на загинатиот Емилијано Сала

6.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нант си ги бара парите од Кардиф за трансферот на загинатиот Емилијано Сала

Фудбалскиот клуб Нант ги побара парите од Кардиф по трансферот од 15 милиони фунти за Емилијано Сала, кој доживеа авионска несреќа.

Аргентинецот беше на пат од Нант кон Кардиф по комплетирањето на трансферот, кога неговиот авион исчезна од радарот на 21 јануари годинава. Вчера беа пронајдени остатоци од авионот под вода во каналот Ла Манш со едно видливо тело. Засега нема официјална потврда дали се работи за Сала или за пилотот Дејвид Иботсон.

Францускиот тим официјално побарал од Кардиф да ја исплати првата од трите предвидени рати за трансферот на Сала. Нант дури и се заканил со тужба доколку премиерлигашот во следните 10 дена не ја уплати првата рата од трансферот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата