Се почнува од Твитер и Фејсбук а потоа...

Помпео ја подели Турција на два дела. Вашингтон без коментар

6.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Помпео ја подели Турција на два дела. Вашингтон без коментар

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео се најде во критики кога преку Твитер се заблагодари на земјите што го признаа Хуана Гваидо како привремен претседател на Венецуела.

Имено, во оваа прилика беше објавено видео кое ги означија земјите кои го признаа Гваио. Турција во таа прилика беше прикажана како држава поделена на два дела во однос на нејзината вистинска територија.

- Го поздравуваме Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Латвија, Литванија, Луксембург, Македонија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство за поддршка на граѓаните на Венецуела и Хуана Гваидо за привремениот претседател на Венцуела - напиша Помпео.

 "Границата" беше забележана од корисниците на Твитер, меѓу кои некои коментираа дека токму тоа е "желбата на Вашингтон Турција да се подели".
Властите на САД од Вашингтон не се огласија по овој повод.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата