Салвини: Во Италија ќе нема истоварување на мигранти, додека Европа не се согласи да ги прими

26.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салвини: Во Италија ќе нема истоварување на мигранти, додека Европа не се согласи да ги прими

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, изјави дека нема да дозволи 140 мигранти да слезат од бродот на италијанската крајбрежна стража се додека Европа не се согласи да ги прими.

На голем дел од мигрантите кои денеска се качиле на брод на крајбрежната стража, синоќа им помогнал рибарски брод од Сицилија, чиј екипаж им дал вода и храна и ги повикал крајбрежните служби, пренесува „Танјуг“.

Салвини рече дека ниту едно италијанско пристаниште нема да биде одредено за истоварување на мигрантите, додека другите европски земји не се согласат да ги примат.

Тој бара останатите земји на Европската унија да ги поделат трошоците и логистиката за превоз на мигрантите, кои најчесто доаѓаат од Либија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата