(ВИДЕО) Каракачанов повеќе не сака политичарите да се мешаат во историјата

23.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Каракачанов повеќе не сака политичарите да се мешаат во историјата

Нема што да делиме ние во историјата и да ги дефинираме противречностите помеѓу двете држави но овие теми имаат свое влијание и во македонското и во бугарското општесто истакна бугарскиот министeр за одбрана Каракачанов.Тој смета дека мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања треба да се собира почесто за да има прогрес и очекува процесот да  тече побрзо и во вистинска насока.

Двете држави денеска потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе со кој се отвараат нови можности за продлабочување на соработката во однос на превенцијата, идентификацијата и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

Иако неодамна вицепремиерот Каракачанов изјави дека Македонија нема да може да стане членка на ЕУ и на НАТО, доколку не го прифати ставот на Бугарија за историските прашања кои предизвикуваат контроверзи во двете држави и не признае заедничка историја со Бугарија до 1944 година  денеска од Охрид  даде подршка на интеграцијата на  Македонија за влез во ЕУ и НАТО .

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата