Истрага за инцидентот во кој Ибрахимовиќ тешко повреди противнички играч

23.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истрага за инцидентот во кој Ибрахимовиќ тешко повреди противнички играч

Раководството на МЛС Лигата започна истрага за инцидентот од натпреварот помеѓу градските ривали Лос Анџелес Галакси и ФК Лос Анџелес (3:2) пред три дена, при кој шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го удри со лакт и му ја скрши јаболчната коска на противнички играч.

Повредениот е Мохамед Ал Монир, кој по ударот заврши со дупка во лицето. Тој ќе мора да се подложи на операција и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Американските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ може да биде казнет по прегледувањето на видеоснимките.

Оваа сезона, легендарниот Швеѓанец има 17 натпревари во МЛС со 16 гола и 3 асистенции.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата