Заев: Борисов не ме повика за Камчев

23.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Борисов не ме повика за Камчев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју за „БГНЕС“.

Запрашан за случајот „Рекет“ и информациите дека Софија наводно побарала Камчев за биде заштитен, Заев рече дека Борисов не би си дозволил такво нешто, бидејќи е европски премиер и го почитува владеењето на правото.

„Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика. Ова е политиката што ја прават Макрон и Меркел, политика ориентирана кон иднината, која им дава перспективи на младите“, заклучи македонскиот премиер Зоран Заев.

Премиерот во интервјуто говореше и за договорот за добрососедство со Бугарија, оценувајќи дека Комисијата за историски прашања е формирана за да се изгради пријателство меѓу двете нации, а тоа ги охррабрува него и Борисов. Заев ја најави и изградбата на Коридорот 8 и истакна дека Бугарската православна црква одиграла историска улога за Македонската православна црква.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата