Во Турција запленети 271 милион лажни американски долари

23.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Турција запленети 271 милион лажни американски долари

 

Турските власти запленија околу 271 милион лажни американски долари во апоени од 100 долари во една печатница во Истанбул.

Ова е најголемото запленување на лажни банкноти во Турција во последниве години, објави „Хуријет“.

За време на полициската операција што се случи во петокот, пет лица беа уапсени, според „Ројтерс“.

Турските власти бараат уште двајца осомничени за фалсификување пари и истражуваат дали парите се поврзани со мрежата на Фејтула Ѓулен, кого Анкара го обвини за обид за државен удар во 2016 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата