Владата ќе исплати 110 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЕВН ЗА ЗАСТАРЕНИ ДОЛГОВИ

5.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата ќе исплати 110 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЕВН ЗА ЗАСТАРЕНИ ДОЛГОВИ

Владата најаво дека ќе ги награди граѓаните кои со години не ги подмирувале сметките за електрична енергија бришејќи им ги долговите за струја кон ЕВН. На трибина во Охрид Премиерот Заев обзнани дека Владата, ЕЛЕМ и ЕВН ќе ги избришат долговите за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства. Со оваа мерка ќе бидат опфатени неплаќачите на струја кои наместо да ги платат, сметките за струја им собирале прашина до 2006-та година, за што им биле бликирани трансакционите сметки.

Но тука се јавува и еден правен проблем кој има и свои етнички и политички импликации. Прво, најголем број на неплатени побарувања ЕВН има во неколку етнички албански средини. Ваквата мерка е уште еден директен удар од СДСМ врз ДУИ по војната која Царовска им ја објави на јавна сцена обелоденувајќи го скандалот со ПИОМ. Имено, со ова се прави упад во албанското гласачко тело кое ДУИ го губи веќе на два изборни циклуси.

Второ, отписот на долгови од граѓаните кон ЕВН има и правен проблем -  според член 367 од Законот за облигациони односни тие за една година застаруваат:

– побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството;

Токму овој член од Законот за облигациони односи го отвора прашањето по кој основ и за што ќе се исплатат 110-те милиони евра на приватната компанија ЕВН, кога долговите за кој тој говори веќе се застарени?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата