Вашингтон пост: „Хуавеј“ тајно ѝ помагала на Северна Кореја да изгради бежичен интернет

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон пост: „Хуавеј“ тајно ѝ помагала на Северна Кореја да изгради бежичен интернет

Кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ во тајност ѝпомогнала на Северна Кореја да изгради и одржува комерцијална мрежа на бежичен интернет, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“.

Според пишувањата на весникот, кинескиот телекомуникациски гигант во минатите осум години се здружил со државната кинеска компанија „Панда интернешнал информејшн технолоџи“ за голем број проекти во Северна Кореја.

Претседателот на САД, Доналд Трамп реагираше на написот на весникот и рече дека ќе мора да ги провери овие наводи.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата