Бугарите се израдуваа на изјавата на Заев: Македонската страна конечно призна дека крадела историја

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарите се израдуваа на изјавата на Заев: Македонската страна конечно призна дека крадела историја

Скандалозната изјава на премиерот  Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја, дочекана со радост во Бугарија. Бугарските медиуми со задоволство пишуваат дека македонската страна конечно признала дека крадела историја.

Имено, Заев во интервју за грчката телевизија Алфа, зборува за точките од договорот со Грција, за јазикот и словенските корени. Притоа тој кажува дека земјава претходно крадела туѓа историја  и со тоа ги нарушувала односите со соседите, а како резултат на тоа нашиот евроинтергациски пат бил под блокада.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – изјави  Заев

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата