Калајџиев: По се изгледа КАТИЦА ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ПРВООБВИНЕТА за случајот Рекет (ВИДЕО)

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Калајџиев: По се изгледа КАТИЦА ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ПРВООБВИНЕТА за случајот Рекет  (ВИДЕО)

Професорот Гордан Калајџиев кој беше еден од кандидатите за шеф на СЈО во време кога наместо него беше избрана Катица Јанева од Гевгелија даде свое мислење по неколку клучни прашања кои се важни за судбината на СЈО, како и за истрагите и судските постапки кои сега се водат, а каде СЈО се јавува како овластен тужител, односно обвинител.

Калајџиев оцени дека, според она што се гледа и слуша досега во јавноста како информација од Јавното обвинтелство, по се изгледа дека Катица Јанева наликува на првоосомничена бидејќи ни тој не верува дека Бојан Јовановски, Боки 13, сам ги работел рекетите и дека во таа насока е и одземањето на нејзиниот телефон.

СЈО не може да продолжи со сегашната работа, а на Катица Јанева треба да и се усвои оставката и да се именува друг на нејзино место за СЈО да може да функционира, а втората и бавна опција е укинување на сегашното СЈО и негова трансформација како дел од ЈО за што решава политиката што е правно проблематична постапка но, и блокирање на функцијата на сегашните предмети во СЈО додека таа трансформација не се реши.

Погледнете го кусото интревју на Гордан Калајџиев на видеото од Канал 5:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата