Мета и Харадинај се сретнале во Приштина

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мета и Харадинај се сретнале во Приштина

Албанскиот претседател Илир Мета вчера во  Приштина се сретнал со поранешниот косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

„Среќен сум што се сретнав со премиерот Рамуш Харадинај во Приштина. Горд со неговиот инспиративен карактер“, напиша Мета на „Фејсбук“.

Харадинај споедели фотографии од средбата и напиша дека со Мета размениле мислења за состојбите во регионот.

По оставката на Харадинај, Мета нагласи дека е горд на Харадинај и убеден во неговата невиност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата