Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес на истрагата не соопшти повеќе детали за јавноста.

Од Обвинителството денеска потврдија дека не е пронајден вториот телефон на Јанева, а немаат ниту сознанија каде се наоѓа јавната обвинителка.

Телефонот на Јанева беше одземен во понеделникот и предаден на вештачење, за евентуална поврзаност на специјалната обвинителка во случајот „Рекет“.

Јанева претходно поднесе оставка од функцијата и оттогаш не е достапна за јавноста.

На барање на Обвинителството, вчера беше запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец, кој заедно со „Боки 13“ беше приведен минатата недела.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата