Човек уапсен во Париз откако го симнал знамето од зградата на францускиот парламент

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Човек уапсен во Париз откако го симнал знамето од зградата на францускиот парламент

Еден човек е уапсен од жандармите во Париз откако се качил на ѕидот на зградата на Националното собрание и го отстранил тробојното знаме, пишува „Ле Паризиен“.

Според весникот, жандармите од Републиканската гарда забележале на камерите од обезбедувањето човек додека се качувал на ѕидот на Националното собрание за да го отстрани знамето. Кога крадецот слегол, бил уапсен и му било одземено знамето.

Крадецот бил 23-годишно пијано момче од 15. арондисмен во југозападниот дел на Париз и ѝ бил познат на полицијата како повеќекратен престапник.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата