Изборниот орган на Украина објави дека парламентарните избори се важечки

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изборниот орган на Украина објави дека парламентарните избори се важечки

Централната изборна комисија на Украина (ЦИК) ги прогласи за важечки предвремените парламентарни избори на 21 јули, рече шефот на ЦИК, Татјана Слипачук, пренесува ТАСС.

„Од моментов, можеме да кажеме дека нема инциденти што би можеле да ја доведат во прашање парламентарната кампања. Изборите се валидни”, рече таа.

Предвремените парламентарни избори се одржаа во Украина во неделата. Вкупно 225 кандидати ќе добијат места во парламентот преку партиски листи, додека кандидатите избрани во изборни единици со едно место се очекува да обезбедат 199 пратенички места.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата