(ВИДЕО) Трагедија во Нови Сад: Маж загина во експлозија во фабрика за месо, неколку лица повредени

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Трагедија во Нови Сад: Маж загина во експлозија во фабрика за месо, неколку лица повредени

Еден 57-годишен маж загина во експлозија на котел во фабриката Месна индустрија Матијевиќ во Нови Сад.

Екипата на брза помош, која добила дојава три минути пред 12 часот, излегла на лице место и само констатирала смрт, јави телевизијата Н1.

Медицинска помош му била укажана на еден 45-годишен маж, кој потоа бил пренесен на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар на Војводина.

Според некои српски медиуми, во експлозијата се повредени неколку лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата