Обновено игралиштето во студентскиот дом „Гоце Делчев“

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обновено игралиштето во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ денеска беше пуштено во употреба реновираното спортско игралиште во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“, спроведен од Младински образовен форум (МОФ).

Општина Карпош го поддржа овој проект за обнова на игралиштето, кое сега е функционално и истото ќе може да го користат студентите, за реализација на спортско – рекреативни активности во текот на нивниот престој во студентскиот дом.

Обновени се головите, поставени се заштитни мрежи, а спортскиот терен е соодветно обележан. Исто така, комуналните служби на Општината целосно го исчистија овој дел.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата