Нови рендери го откриваат дизајнот на Google Pixel 4 (ВИДЕО)

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови рендери го откриваат дизајнот на Google Pixel 4 (ВИДЕО)

На интернет се појавија првите рендери на претстојниот смартфон на Google, Pixel 4, кои открија неколку детали.

На фотографиите се гледа предниот панел, а на него најмногу внимание привлекува подебелиот раб во горниот дел на смартфонот, додека долната рамка ќе биде нешто потенка. Сепак, двете ќе бидат подебели во однос на оние кои ги имаат Samsung Galaxy S10 и OnePlus 7 Pro. Во тие рамки се поставени различните сензори, предни камери и друго.

Се верува дека смартфонот ќе има технологија за детекција на движења под името Project Soli, која користи радар за детектирање на движења. Со оглед на рамките, на Google му требаше доста простор за вградување на потребните сензори.

Во јуни Google го прикажа изгледот на задниот дел на смарфонот, по што се појавија рендери. На фотографијата било видливо големо испакнување за камерата и сензорите.

По најновите рендери, можно е Google да објави нова официјална фотографија од својот претстоен уред.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата