(ВИДЕО) Шок на теренот во Букурешт: Тренерот на домаќините доживеа срцев удар на време на натпревар

22.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Шок на теренот во Букурешт: Тренерот на домаќините доживеа срцев удар на време на натпревар

Тренерот на романскиот фудбалски великан, Динамо Букурешт, Еуген Неагоe, вечерва доживеа срцев удар за време на натпреварот на неговиот тим против У. Крајова во меч од 2. коло на романското првенство.

Во еден момент тој изгубил свест на клупата, по што интервенирале медицинските екипи на двата тима и тој бил пренесен во болница. Интересен е фактот што новопоставениот тренер на Д. Букурешт немал топло добредојде од фановите, па на претходниот натпревар на невовиот тим тој бил силно исвиркан.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата