Пендаровски не се извинува за Гоце Делчев: Ја спacив позицијата на Македонија спрема Бугарија

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски не се извинува за Гоце Делчев:  Ја спacив позицијата на Македонија спрема Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се залага за помиpyвање, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помиpyвањето го сфаќа како амнecтија за премиерот Зоран Заев и неговите соработници истакнува дека „нема намера да го амнecтира Заев или неговите блиски, ако сториле кpиминал“.

Во интервјуто вели и дека со изјавата за Гоце Делчев ја зacилил македонската преговарачка позиција.

– Македонската јавност треба да знае дека комисијата од историчари составена од Македонија и Бугарија западна во ќopcокак. Практично дојде до ситуација, дојде до периодот 19-20 век, во кој бугарската страна инсистираше, по мое убедување од политички мотиви, сè што се случувало во тој период да биде препишано само на бугарската историја и сите тие дејци, сите peволуционери и сите настани да бидат дефинирани како исклучиво бугарски. Јас после една долга серија консултации, кои ги имав со академиците во нашата академија, со членовите на нашата комисија, со истакнати интелектуалци и професори по историја на наша страна, од нашата држава, заклучив дека е потребен извесен политички ветер во грб на нашата страна од комисијата и една политичка рамка да речам, не конечно или целосно решение, туку една политичка рамка во која идните разговори во рамки на таа комисија, евентуално можат да се одвиваат, рече Пендаровски.

Шефот на државата вели оти му понудил средба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ ама добил образложение дека сега не бил моментот. Но нема ниту збор за барањето на опозицијата пред се за предвремени избори, но и за јасно изразеното незадоволство во ВМРО ДПМНЕ по повеќе основи .

-Се видов и со албанската опозиција и со албанските партии на власт. Се видов со македонските партии на власт, се видов со партиите на етничките малцинства, односно други етнички заедници кои не се мнозински, дури и со оние политички партии кои не гласаа за мене на претседателски избори, меѓутоа до сега не успеав да направам средба до господинот Мицкоски, со образложение дека сега не е моментот, вели Пендаровски денеска во интервју за „Радио слободна Европа“.

Ова што го зборува Пендаровски е спротивно на јавно изразениот став на Мицкоски. Тој е дециден дека е подготвен да разговара со претседателот но за тет –а – тет средба има услови.

-Се што станува збор за интересите на државата тука сум стојам на располагање со секого сум подготвен да разговарам. Но ако Пендаровски сака да јас и он тет – а – тет разговараме, тогаш ќе мора да го направи тоа што јас и јавно го побарав од него а тоа е најпрво да се повлече од изјавата за македонскиот деец Гоце Делчев, а потоа да се извини на македонските граѓани и македонската нација за таа изјава, рече Мицкоски пред два дена.
Во последното интервју Пендаровски тврди дека никого нема да амнестира ако се докаже криминал, па дури и да е тоа премиерот.

Опозицијата пак останува на линија дека од Пендаровски кој својата блискост, доверба и слога со премиерот ги оценува со 102,5 отсто, не може да се очекува објективност, односно, се подразбира дека претседателот и тоа како е подготвен да го амнестира Заев.

-Кога со Зоки ќе бидеме на едно 5-6 митинга заедно остатокот од времето ќе бидам јас сам, меѓутоа кога ќе му дозволуваат обврските тој ќе се оридружува. И кога е тој тука јас навистина не морам да зборам за моите пртограмски и политички заложби, бидејќи сме исти 102,5 посто, потполно исти, рече Пендаровски, на 03.04.2019.

Во врска со Гоце Делчев, во последното интервју, се правда дека таквата изјава ја дал оти сакал да и пушти ветер во грб на историската комисија која во еден момент западнала во ќор сокак во работата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата