Маж почина во сообраќајка кај Радовиш

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж почина во сообраќајка кај Радовиш

Триесет и тригодишен маж од радовишко починал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Струмица-Радовиш.

Тој удрил во патничко возило со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот и загинал на местото на настанот.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, јави МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата