(Видео) Патниците во паника: Човек во Нигерија скокнал на крило од авион пред полетувањето

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Патниците во паника: Човек во Нигерија скокнал на крило од авион пред полетувањето

На аеродром во Лагос, Нигерија, човек се качил на крило од патнички авион непосредно пред полетувањето. Тој предизвикал паника меѓу патниците и секако, веднаш бил уапсен.

Драматичните снимки од авионот покажуваат како човекот се качува на работ од млазниот мотор до крилото на авионот „боинг 737“, а потоа оди кон кабината.

Според новинските агенции во Нигерија, авионот чекал дозвола за полетување кога човекот бил забележан како се качува на крилото, пренесе „Индипендент“.

Се додава дека засега не е познато како човекот успеал да стигне до авионот, иако аеродромот „Муртала Мухамед“ во Лагос и претходно имал проблеми со безбедноста.

Некои патници поради необичните сцени и паниката, од пилотите и екипажот побарале да им дозволат да слезат од авионот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата