Весели: Вонредни избори се неизбежни по оставката на Харадинај

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Весели: Вонредни избори се неизбежни по оставката на Харадинај

Лидерот на Демократска партија на Косово (ПДК) и претседател на косовското Собрание, Кадри Весели, изјави дека вонредните избори во земјата се неизбежни и дека неговата партија е подготвена за нив, кога и да бидат закажани, пренесе Б92.

Весели на прес-конференција, по враќањето од Соединетите Американски Држави, рече дека политичките партии треба да разговараат за терминот на изборите.

Додаде дека оставката на Харадинај од премиерската функција е лична одлука и дека за истата не биле претходно известени.

„Одлуката на поранешниот премиер да поднесе оставка е лично решение и како таква ја прифативме, без оглед на тоа што претходно немавме никаква најава, ниту пак бевме консултирани. Предвремените избори се неминовни. ПДК е подготвена за нив, кога и да бидат закажани. Сега само ни останува да разговараме за терминот на нивното одржување“, изјави Весели.

Лидерот на ПДК во обраќањето рече дека граѓаните имаат целосна доверба дека државата, суверенитетот и интегритетот се недопирливи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата