Министерката Апостолска пред прилепчани ја промовираше мерката „Мој ДДВ“

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерката Апостолска пред прилепчани ја промовираше мерката „Мој ДДВ“

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во Прилеп се вклучи во промотивната кампања која Управата за јавни приходи (УЈП) ја реализираше за мерката „Мој ДДВ“, преку која граѓаните од 1 јули годинава добија можност да остварат поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Како што информираат од владината прес-служба, министерката разговарала со повеќе граѓани за примената на оваа мерка и за бенефициите кои истата ги носи за нив.

„Мерката поврат на 15 отсто од ДДВ е значајна и за државата и за граѓаните. Ова е за прв пат државата да враќа пари директно назад кај граѓаните и дава можност за плата плус за секое семејство на крајот од годината“, рече Апостолска.

Зборувајќи за позитивините ефекти кои преку спроведувањето на оваа мерка се очекува да се остварат во напорите за сузбивање на сивата економија, министерката оцени дека тоа е од суштинско значење за обезбедување на стабилен и предвидлив деловен амбиент, исполнет со лојална конкуренција, што пак има значајно влијание и врз мотивацијата на странските инвеститори да реализираат инвестициски проекти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата