Германска туристичка двојка не успеала да ужива во живописната Венеција, бидејќи полицијата ги казнила со 950 евра и ги протерала од градот, откако се обиделе на плински грејач на отворено да зготват кафе, објави АФП.

Двојката од Берлин, на возраст од 32 и 35 години, во утринските часови со своите тешки ранци решиле да се одморат во подножјето на скалите од познатиот мост Ријалто. Но, откако го извадиле плинскиот грејач за да си го сварат првото утринско кафе, локален жител повикал полиција, која на туристите им напишала казна од 950 евра поради несоодветно однесување, а исто така им било кажано дека се непожелни како гости и дека треба веднаш да го напуштат градот.

„Венеција треба да се почитува, а непристојни луѓе кои мислат дека можат да дојдат и да прават што сакаат, ќе бидат приведени во полиција поради својата недоличност. После стандарните процедури, исто така ќе бидат казнети и протерани од градот“, рече Луиџи Бругнаро, градоначалникот на Венеција.

Тој, исто така, соопшти дека градските власти одсега па натаму до амбасадите и конзулатите ќе го пријавуваат идентитетот на луѓето кои веќе не се пожелни во Венеција.

извор: Makfax

14

Најчитани вести