Новинарите на 1ТВ СЕ ПЛАЌАНИ ОД КЕШОТ НА БОКИ 13, пари на сметка нема доволно

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новинарите на 1ТВ СЕ ПЛАЌАНИ ОД КЕШОТ НА БОКИ 13, пари на сметка нема доволно

Во 2018 година вкупните приходи на 1ТВ изнесувале 39,232 милиони денари (околу 637 илјади евра), а приходите од рекламирање 33,944 милиони денари (околу 550 илјади евра), се вели во одговорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на прашањето на МКД.мк за приходите на одделни телевизии.

Во Македонија приходите на националните телевизии се движат од 100 до 600 милиони денари. Споредбата со приходите на 1ТВ покажува дека лани оваа телевизија легално инкасирала три пати помалку од, во приходи, најслабата телевизија.

Со оглед на продукцијата на 1ТВ, на бројноста на екипата, на искусниот уреднички дел од информативната програма, повеќе од очигледно е дека со тие 600 илјади евра едноставно не било можно да опстане една телевизија.

Ова, на некој начин индиректно ги потврдува сите шпекулации за кешот што Бојан Јовановски, директорот на 1ТВ, го добивал од одредени компании за време на неговите рекетарски маркетиншки состаноци.

А каде сѐ одел тој кеш, допрва ќе треба да се открива во случајот „Рекет“.

Според членот 15 од Законот за медиуми, радиодифузерите се должни најдоцна до 31 март во тековната година да ги достават во Агенцијата податоците за работењето во претходната година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата