АФЕРА РЕКЕТ: Роштиљ тврди дека бил рекетиран од еден од двајцата осомничени?

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АФЕРА РЕКЕТ: Роштиљ тврди дека бил рекетиран од еден од двајцата осомничени?

Аферата РЕКЕТ ќе открива како „бентлито“ на Камчев завршило кај Заеви, а јахтата на Панделески кај Роштиљ, бизнис партнерот на Кичеец, пишува Сведок.

СВЕДОК од извори во истрагата дознава дека ќе се испитува и рекет платен за автомобилите и јахтите на Камчев, Панделески и Кочан кои сега ги имаат  бизнис партнерот на Зоран Кичеец, Владимир Стаjиќ викан Роштиљ и во семејството Заеви.

На ФБ се јави Владимир Стајиќ, познат како Роштиљ. Во статусот тврди дека бил жртва на едниот од двајцата осомничени во случајот “Рекет”. Тој очекува надлежните органи да постапат според законот и против сопствениците на некои портали и против некои новинари, кои се однесуваат на ист начин како и осомничените во аферата “Рекет”.

Стајиќ не прецизира кој и како го рекетирал, но најавува дека деновиве ќе најде начин да воспостави комуникација со Јавното обвинителство во интерес на вистината.

Стаjиќ вели дека неговата компанија постои од 1991 година како успешен семеен бизнис и е во негова стопроцентна сопственост. Тој ги отфрла сите шпекулации за било каква бизнис поврзаност, за што се шпекулирало, како што вели, во нарачани текстови. .

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата