Не се закачајте со ДЕВИЦА, ЈАРЕЦ и СКОРПИЈА - лабави се со нервите

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не се закачајте со ДЕВИЦА, ЈАРЕЦ и СКОРПИЈА - лабави се со нервите

Ова се трите претставници на зодијакот со најкратот фитиљ:

 Девица

Ако работите не одат според замисленото на девицата тогаш настанува хаос. Девиците се познати по нивниот перфекционизам, па секое отстапување од тоа ужасно ги нервира. Сепак брзо се смируваат и ги решаваат проблемите, доведувајќи ги во состојба која најмногу им одговара.

Јарец

Кога јарците се нерасположени, подобро е да не им се доближувате. Од нивното расположение зависи и нивното однесување бидејќи едноставно не знаат да сокријат кога во животот им се случува нешто позитивно или негативно. Јарците брзо реагираат и во афект се склони да се нервираат до граница на агресија.

Скорпија

Скорпиите се познати хипохондрици кои сами на себе си дијагностицираат различни болести и поради тоа се постојано нерасположени и зајадливи. Ако се случува нешто што не им е по ќеф јасно го искажуваат нивното негодување, а од такт ги вадат и најмали ситници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата