Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши, како што рече, државникот и национален херој.

„Горд сум на Рамуш Харадинај и сум убеден во неговата невиност. Не постои притисок кој може да го скрши државникот и народен херој. Од денеска сите треба да спиеме помалку, да се загрижиме повеќе и посилно да се обединиме Косово и нашиот регион да не бидат под закана на мирот, безбедноста и европската иднина“, напиша Мета на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничен за воени злосотрства.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата