Анџелина Џоли најде нова љубов, се однесува како заљубена тинејџерка

20.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анџелина Џоли најде нова љубов, се однесува како заљубена тинејџерка

По разводот од Бред Пит, поради што таа беше во центарот на вниманието на јавноста веќе три години, Анџела Џоли не можеше да се види во машко друштво, туку само во придружба на децата.

Јавноста ја поврзуваше Анџелина со неколку мажи – прво со британски бизнисмен, потоа со уметник од Камбоџа, а во поново време и со колегите Колин Фарел и Кијану Ривс, што никогаш не беше потврдено.

View this post on Instagram

Which movie? ?

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolieofficial) on

Како што објави американското списание National Enquirer, Анџелина сега се заљубила во телохранителот и, како што се наведува, тој е причината за нејзиниот добар изглед и расположение.

„Анџелина и тој секогаш се заедно. Секогаш кога е во негова близина, таа се однесува како заљубена тинејџерка“, откри неименуван извор за гореспоменатото списание.

Актерката и телохранителот се запознале на снимањето на филмот Those who wish me dead во Њу Орлеанс, а потоа се појавила неговата девојка.

„Девојката се појави и како орел ги набљудуваше Анџелина и него“, завршува изворот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата