По невремето Усје плива во вода - жителите револтирани од градоначалникот Темелковски кој ги излажал за атмосферска канализација (ФОТО)

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По невремето Усје плива во вода - жителите револтирани од градоначалникот Темелковски кој ги излажал за атмосферска канализација (ФОТО)

По краткото невреме кое го зафатија делови од Скопје револтирани граѓани ни испратија фотографии од населеното место Усје во Кисела вода кое како што ни пишуваат тие плива во вода.

Тие велат дека нема ништо од атмосферската канализација која што им ја ветувал градоначалникот Филип Темелковски пред изборите и пред да седне во канцелариската фотелја.

Револтираните жители на Усје преку фотографиите на кои се гледаат реки по улиците му порачаа на Темелковски да се фати за работа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата