Бугарскиот парламент го одобри денеска купувањето на осум нови американски ловци „Ф-18“.

Вредноста на осумте авиони, муницијата, опремата и обуката на пилотите изнесува 1,25 милијарди долари.

Шесте едноседи и двата двоседи ќе ѝ бидат испорачани на Бугарија до 2023 година.

Министерството за одбрана договорот ќе го потпише со компанијата Локид Мартин.

Бугарија е членка на НАТО од 2004 година, наведе „АП“.

извор: Makfax

1

Најчитани вести