Холандската влада: Ја прифаќаме одлуката на судот

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холандската влада: Ја прифаќаме одлуката на судот

Холандската влада соопшти дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на кралството Холандија дека земјата е делумно одговорна за смртта на 350 муслимани во 1995 година, на подрачјето на Сребреница, во Босна и Херцеговина.

„Владата ја прифаќа одлуката на Врховниот суд. Државата со тоа ја прифаќа штетата што ја утврди судот“, се наведува во соопштението на холандското министерство за одбрана, пренесе „Ројтерс“.

Жртвите од Сребреница, за кои е одговорна Холандија, биле протерани од холандскиот ОН-баталјон на 13 јули 1995 година по што биле ликвидирани во геноцидот. Според пресудата, Холандија мора да им исплати надоместок на семејствата на жртвите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата