(Видео) Проблеми со струјата и телефоните по земјотресот во близина на Атина

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Проблеми со струјата и телефоните по земјотресот во близина на Атина

Во подрачјето коешто беше погодено од земјотресот во Грција, во моментов има проблеми со електричната енергија и телефоните, јавуваат локалните медиуми.

Засега нема информации за повредени лица и материјална штета, но потврдено е дека во некои делови од централна Атина нема струја, а проблеми постојат и со мобилните телефони и фиксните линии.

Компаниите апелираат до корисниците да ги употребат интернет сервисите како што се „Вибер“ и „Скајп“ бидејќи линиите се презафатени.

Локалните медиуми пренесоа дека жителите на Атина во паника истрчале од зградите.

Според податоците, земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случил околу 14 часот, Епицентарот е на 23 километри од Атина на длабочина од 13 километри.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата