Силен земјотрес ја погоди Атина, сите се на улица!

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес ја погоди Атина, сите се на улица!

Силен земјотрес ја стресе Грција. Епицентарот бил на 23 километри северозападно од Атина, каде и најмногу се почувствувал истиот, а луѓето во паника почнале да излегуваат на улиците. 

Земјотресот „беше силен, но за среќа, не траеше долго“, рекол еден од сведоците, цитиран од Јуропеан ертквејк монитор.

Според прелиминарните податоци, земјотресот имал сила од 5,3 степени, а треперењето кратко време по 13 часот траело најмалку 15 секунди.

Засега нема информации за повредени или за каква било голема штета, но локалните медиуми известија за некои прекини на струја во централна Атина и прекини на телефонските линии.

Ова е прв земјотрес во грчкиот главен град по тој во 1999 година, со сила од 6 степени, во кој загинаа најмалку 143 луѓе, а се урнаа над 100 згради.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата