Loading..

Samsung со воодушевување и голема помпа го најауваше флексибилниот Galaxy Fold, но примероците испратени на тестирање до медиумите и инфлуенсерите не беа добро прифатени. Ова доведе до тоа објавата на првиот телефон на компанијата да биде одложена.

Сега почнаа да се појавуваат гласини за Galaxy Fold 2 моделот од следната генерација, а Samsung изгледа ќе се определи за преклопен дизајн со флексибилен 6,7-инчен екран. Новиот Galaxy Fold 2 ќе има помал, еден инчен дисплеј од предната страна, за известувања. Ова ќе го направи телефонот поевтин за производство во однос на оригиналниот Galaxy Fold.

Се сугерира дека со Galaxy Fold 2 моделот, Samsung ќе се фокусира на преносливост и достапност, доколку се точни гласините за уредот.

 

извор: USB.mk

Најчитани вести