Судот одлучи: Холандија е делумно одговорна за жртвите во Сребреница

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судот одлучи: Холандија е делумно одговорна за жртвите во Сребреница

Врховниот суд на Кралството Холандија денеска потврди претходна судска одлука според која Холандија е делумно одговорна за смртта на 350 лица од Сребреница во јули 1995 година, пренесуваат холандските медиуми.

Жртвите од Сребреница, за кои е одговорна Холандија, биле протерани од холандскиот ОН баталјон на 13 јули 1995 година, по што биле ликвидирани во геноцидот.

Станува збор за конечна, правосилна пресуда на највисокиот судски орган во Холандија.

Претходно, Холандија беше прогласена за до 30 отсто одговорна за смртта на луѓето од Сребреница, со заклучок дека не е сигурно дека ќе преживеале дури и да останеле во базата на холандскиот баталјон.

Со таа одлука, Холандија беше ослободена од одговорност за жртвите од Сребреница кои не биле внатре во базата на холандскиот баталјон стациониран во Поточари.

Според пресудата, Холандија мора да им исплати надоместок на семејствата на жртвите, но висината на надоместокот не е одредена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата