ТАТКО - ХЕРОЈ главата ја става во торба за син му да стекне образование

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТАТКО - ХЕРОЈ главата ја става во торба за син му да стекне образование

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Виетнам на кои се гледа како еден основец на патот кон своето училиште секојдневно се соочува со сериозни препреки. Имено, на патот помеѓу неговиот дом и училиштето се наоѓа река на која нема мост, поради што секој ден ова дете влегува во пластична вреќа преку која неговиот татко го пренесува од едниот до другиот брег само за детето да стигне на настава суво и чисто.

Таткото внимателно го сместува детето во вреќата, по што влегува во вода и трпеливо го остава на другиот брег. Истата постапка ја повторува и при враќањето од училиштето. На овој начин, тој но и многу други деца во Виетнам секое утро пристигнуваат на настава во точно време.

Гестот на овој татко ги воодушевил корисниците на социјалните мрежи, а повеќето кои ја виделе објавата навеле дека се надеваат дека детето знае да го цени трудот на неговиот татко кој секое утро дава се од себе тој да пристигне на настава и да се образува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата