(Видео) Десетина китови се насукаа на плажа, туристите им помогнаа да се вратат во морето

18.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Десетина китови се насукаа на плажа, туристите им помогнаа да се вратат во морето

Туристи кои се одмараа на плажа на островот Сент Симонс во Џорџија неодамна беа сведоци на сцена која тешко се заборава.

Поради силните морски струи, десетина китови завршиле на песокот од плажата и беспомошно се обидувале да се вратат назад во водата.

За жал, два кита не го преживеале насукувањето, но туристите и крајбрежните спасувачи успеале да им помогнат на останатите и безбедно да ги вратат во водата.

На видеото погоре, погледнете како изгледаше спасувањето на китовите на плажата во Џорџија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата