Од врвот до омразен, преку ноќ

Азар е „токсичен“ фудбалер, Челси мора да го продаде

4.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Азар е „токсичен“ фудбалер, Челси мора да го продаде

Поранешниот фудбалер Стен Колимор во својата колумна за британскиот весник „Дејли мирор“ оцени дека Челси мораат да го продадат Белгиецот Еден Азар, бидејќи тој има „токсично“ влијание во соблекувалната.

Азар подолго време „флертува“ со трансфер во Реал Мадрид, и неодамна дури и менаџерот Маурицио Сари посочи дека тој мора да направи одлука што ќе прави ова лето.

Колимор вели дека Челси мора да искешира. „Еден Азар мора да си замине од ’Стемфорд бриџ’, за да може Челси да се ослободи од токсичната атмосфера. Немам ништо против него, кого го сметам за еден од најдобрите фудбалери на светот, но време е клубот да заработи нешто.

Тој е во одлична форма, но имам чувство дека тој е дел од проблемите во клубот. Жозе Мурињо беше ’млак’ кон него, Антонио Конте не го сакаше, а сега е дел од тимот за кој менаџерот Маурицио Сари вели дека мора да се замисли што прави во клубот“, пишува Колимор. 27-годишниот Азар има 12 гола и 10 асистенции во 24 меча за Челси оваа сезона.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата