Нов паркинг простор во Тафталиџе 1

17.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов паркинг простор во Тафталиџе 1

Општина Карпош почна со реализација на нов паркинг простор на улицата „Варшавска“ во Тафталиџе 1. Станува збор за површина која повеќе години беше руинирана и граѓаните беа приморани да паркираат во кал и прашина.

Со асфалтирањето на овој простор, велат од Општината, ќе се спречи и дополнително загадување на населбата.

Во текот на летниот период локалната самоуправа ќе изврши и целосна реконструкција на улицата „Варшавска“, на потегот од кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“ до бул. „8 Септември“.

„Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел од Карпош, во текот на наредните денови своите возила да ги паркираат на друга локација, со цел непречено и навремено завршување на градежните активности за изведба на паркинг просторот“, велат од општината.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата