УЈП: Заклучно со 15 јули скенирани вкупно 2,993,788 фискални сметки

16.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЈП: Заклучно со 15 јули скенирани вкупно 2,993,788 фискални сметки

Управата за јавни приходи информира дека од 1 јули 2019 година, кога почна реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ преку „Гугл плеј стор“ и „Ејпл стор“ ја презеле над 140 000 граѓани.

Заклучно со 15 јули 2019 година, скенирани се вкупно 2.993.788 фискални сметки, остварен е промет од 1.572.173.704 денари, а повратот од 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 25.368.380 денари.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони може да ги користат услугите што ги нуди УЈП во сите свои oрганизациски единици каде што фискалните сметки може да се скенираат на киоск-апарати, баркод-читачи, како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката, како и од ефектите што се во насока на намалување на сивата економија.

Во Управата за јавни приходи граѓаните пријавуваат нерегуларности и сè почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата