Заканите од Украина за уништување на Кримскиот мост се нереални

16.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заканите од Украина за уништување на Кримскиот мост се нереални

Заканите на Украина за уништување на Кримскиот мост се нереални бидејќи капацитетите на нејзината армија се доволни само за да спроведат воени вежби против замислен непријател, изјави за ТАСС потпретседателот на руската државна Дума, Дмитриј Белик, кој го претставува  кримскиот град Севастопол.

Некои руски и украински медиуми претходно ја цитираа изјавата на поранешниот секретар на Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, Александар Турчинов, во која тој тврдеше дека Киев е способен да го уништи Кримскиот мост за неколку минути користејќи крстосувачки ракети кои, според него, се закана и за руски воени бродови во Црното Море и Азовското Море.

Ова не е прв пат Украина да изрази такви закани.

„Во малиот универзум на Турчинов, Украина ги поразува сите непријатели и го разурнува Кримскиот мост користејќи проектили „Нептун”, кои се мала модификација на ракетата КХ-35 на Советскиот Сојуз”, истакна Белик.

„Во реалниот живот, Киев не може да му стави крај ни на крвопролевањето во источна Украина и да престане да убива цивили. Украинската армија може да победи во три случаи – во насловите во медиумите, ако води војна против цивилите и ако спроведува воени вежби против замислен непријател “, додаде рускиот пратеник.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата