Уапсен маж осомничен за убиство на американската научничка

16.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен маж осомничен за убиство на американската научничка

На Крит уапсен е маж осомничен за убиство на Сузан Итон (59), научник по молекуларна биологија, која работела на познатиот институт „Макс Планк“, објави Би-би-си.
Итон дошла на островот поради деловни причини, бидејќи таму се одржувала научна конференција. Исчезнала на 2 јуни додека вообичаено трчала.

Шест дена подоцна нејзиното тело е најдено во еден бункер од Втората светска војна. Во полицискиот извештај е наведено дека била загушена и силувана, што било главен мотив за нападот.

Уапсениот е локален маж на 27 години, кој веќе го признал нејзиното убиство, пренесуваат грчките медиуми. Според вестите од Крит, осомничениот е оженет маж, татко на две деца.

Нејзното тело го нашле двајца мештани кои го истражувале бункерот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата