БОБИ ПАК влезе во студио и тоа не во чие било!

15.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БОБИ ПАК влезе во студио и тоа не во чие било!

Боби Павловски по одличните „Тамо негде“ и „Метар дана“, кои за него ги напишаа Драган Брајовиќ-Браја и Сале Тропико пак влезе во студио.

Деновиве тој „ги запалил патиките“ и фатил за Белград за ја сними следната од неколкуте планирани теми со кои треба да го заокружи најавениот проект. 

Се вели тимот што победува не се менува, но Боби е познат како човек кој сака да експериментира, па затоа за оваа тема во тимот со кој соработува има вклучено ново, звучно име, кое засега останува тајна.

Ако може да се суди по двете споменати теми кои ги отпеа на српски, нема сомнеж дека Павловски повторно има хит во најава. 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата