Oднесувањето на Бијонсе и Џеј Зи спрема Меган и Хари ги налути Британците

15.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Oднесувањето на Бијонсе и Џеј Зи спрема Меган и Хари ги налути Британците

Mеган Маркл ја запозна Бијонсе на премиерата на „Кралот лав“, а британските медиуми веднаш се обидоа да прочитаат од усните на двете дами што си рекле една на друга.

Бијонсе, откако ја прегрнала Меган, рекла: „Луѓе, ве сакаме”.

Таа додала дека Арчи, синот на Меган и Хари е „прекрасен”, а потоа размениле неколку родителски совети.

Бијонсе ја потапкала Меган по грб, а по прегратката на поранешната актерка и пејачка, тие се држеле за раце некое време, додека нивните брачни другари стоеле настрана.

Британската јавност веќе е лута поради однесувањето на Бијонсе и Џеј Зи спрема кралската двојка. Покрај тоа што со прегратката го прекршија протоколот, пријателските совети што им ги дадоа не предизвикаа големо одушевување.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата