Поради радоста од победата на Вимблдон: НА НОЛЕ МУ ИЗЛЕТА СЕМЕЈНА ТАЈНА!

15.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради радоста од победата на Вимблдон: НА НОЛЕ МУ ИЗЛЕТА СЕМЕЈНА ТАЈНА!

Новак Ѓоковиќ вчера оствари уште една победа во кариерата, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во финалето на Вимблдон, кое го играше со Роџер Федерер, а не ја криеше и среќата што дошол до уште еден трофеј.

Сето ова ми е специјално, да делам вакви моменти со синот, семејството и својот тим – рекал Новак Ѓоковиќ по примањето на пехарот, па додал:

Сопругата е дома со ќерка ми, голема прегратка за нив. Ви благодарам на сите што направивте да бидам овде! Кога бев дете, сонував за сето ова – рекол Новак.

Роџер Федерер после одиграниот меч со Новак рече дека се враќа на родителските должности, на што Ѓоковиќ рекол:

Наскоро и јас повторно ќе станам татко, откривајќи на тој начин причината зошто Јелена не присуствуваше на историскиот меч.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата