КОЛЕЊЕ И ПУКАЊЕ НА „ЏОН КЕНЕДИ“ - Пари причина за нападот!

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОЛЕЊЕ И ПУКАЊЕ НА „ЏОН КЕНЕДИ“ - Пари причина за нападот!

Вчеравечер околу 21:50 ч. во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ Е.М(32) од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари.

По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ„Св.Наум Охридски“.

Се работи на целосно расчистување на случајот

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата