После еден куп глупости и падна секирата во мед

Сега глуми госпоѓа, а бегала од дома за да се мажи на 15 години

4.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сега глуми госпоѓа, а бегала од дома за да се мажи на 15 години

Биографијата на фолк пејачката Александра Пријовиќ т.е. Живојиновиќ слободно може да се нарече модерна верзија на Пепелашка. Од обична девојка од соседството, која патем не завршила ни средно образование, Александра стана вистинска принцеза и тоа благодарение на фактот дека синот на Боба и Брена, Филип се вљуби во неа и таа по нешто повеќе од едногодишна врска стана госпоѓа Живојиновиќ.

А патот до славата на Александра бил трнлив и полн со проблеми. И не само финансиски, туку и љубовни. 

Сите знаат дека Александра беше во љубов со некогашниот Грандов победник Амар Гиле, а потоа и со колегата, исто така, млад пејач од јатото на Гранд, со Љубомир Перучица. Но кога на сцена стапи Филип се стана историја! 

За жал или среќа, овие двајца млади музичари не се единствените љубови на младата пејачка, која наскоро на свет треба да го донесе своето прво дете. Пред Гиле и Перучица, Александра не само што била во љубов, туку и сакала да се мажи за музичарот Момир Јовановиќ. Дури и побегнала од дома за да си ја оствари желбата. Ситуацијата ја спасила мама Борка, исто така, пејачка, која брзо успеала да ја вразуми 15-годишната Александра и да ја врати дома. Среќа што госпоѓа Борка била упорна, во спротивно наместо да спие на душек од пари Пријовиќ сега ќе пееше под некој шатор на некој панаѓур.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата