Лошото време го одложи асфалтирањето на Партизанска

14.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лошото време го одложи асфалтирањето на Партизанска

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди“, на дел од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.

Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа, велат од Град Скопје од каде апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим
на сообраќај.

„Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот“, велат од Град Скопје. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата